На Инфективната клиника почина пациентка со западнонилска треска, уште една е во тешка состојба

На Инфективната клиника почина 66-годишна пациентка од Росоман, кај која лабораториски бил потврден тежок облик на западнонилска треска. Бил опфатен и централниот нервен систем, изјави директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана. Досега од западнонилска треска има 11 починати лица.