На Греми наградите оддадена посебна почит на трагично загинатиот Коби Брајант
Foto

На Греми наградите оддадена посебна почит на трагично загинатиот Коби Брајант

Музичката манифестација „Grammy awards“ која се оддржува во Стејплс центар, кошаркарскиот дом на Лос Анџелес Лејкерс и на Коби Брајант започна со минута молк поради трагичната несреќа во која животот го загуби токму легендата на светската кошарка.Со минута молк, присутните му одадоа послена почит, додека на видео бимот се појавија дресовите со броевите 24 и 8.

Во текот на манифестацијата, неколку пати му беше оддадена почит на Коби Брајант. Алиша Кис заедно со Boyz II Men ја отпеа песната "It's so hard to say goodbye" како последен поздрав до легендата.

Во историјата на Греми наградите, ова е втор пат манифестацијата да се одржи на ден кога заминува светски позната личност. Во 2012, музичката везда Витни Хјустон почина ден пред одржувањето на манифестацијата.

Истовремено  на Твитер се појави и американски цртан филм направен во 2012 година кој ја предвидел смртта на Коби Брајант во хеликоптерска несреќа. Во анимираниот филм Коби се наоѓа во паднат хеликоптер, кој потоа се запалува.

Доцна вечерта потврдена е смртта и на тренерот на бејзбол екипата Оранж коуст, Џон Алтобели, неговата ќерка Алиса и жена му Кери. Братот на тренерот Алтобели, Тони, потврди дека неговиот брат и неговото семејство биле во хеликоптерот кој се урна во местото Калабасас.

Џијана Брајант и Алиса Алтобели биле соиграчки во Мамба академијата и патувале кон Таусанд Оукс, каде требале да играат натпревар.
 
Градот Лос Анџелес вчера точно во 20 часот светна со виолетова и жолта боја односно со клупските бои на кошаркарскиот тим во која Брајант ја помина речиси цела своја кариера.

0 Коментари

Остави коментари