На Фиџи има куќа изградена специјално за кралицата

Островот Бау се наоѓа веднаш до главното копно на Република Фиџи – Вити Леву. Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип го посетиле во 1982 година, во рамки од турнејата во Јужен Пацифик, кога Игрите на Комонвелтот се одржале во Австралија.

Кога кралицата Елизабета Втора пристигнала на островот во 1982 година, селските челници ја пречекале во тишина – знак на почит во тамошната култура. Остатоците на нејзината посета се гледаат и денес. Околните челници велат дека згради на островот биле надградени пред нејзината посета и оти една куќа била изградена специјално за неа.

Кралицата, велат, ја користела за одмор за време на патувањето.

Бау е мало островче, но има значајно место во богатата историја на Фиџи. Било средиште на државата на повеќе од 300 острови, пред да му биде отстапено на Обединетото Кралство во 1879 година, во замена за заштита под Круната. До денес, Комонвелтот наоѓа многу од своите најгласни застапници во ова подрачје. Островите учествуваат во активностите на Комонвелтот и Нејзиното височество остана уставен монарх тука, покрај Австралија и Нов Зеланд, до нејзината смрт.