На едно место утре на „ФОН“ неколку нобеловци и личности од светската економија и политика
Foto

На едно место утре на „ФОН“ неколку нобеловци и личности од светската економија и политика

Универзитетот ФОН денеска претстави дел од членовите на новиот универзитетски одбор на доверба (Board of trustees) кои утре ќе земат учество на симпозиумот што ФОН ќе го организира по повод Меѓународниот ден на образованието .

Во одборот членуваат поранешни и сегашни политичари и професори, нобеловци и претставници на светски организации. Настанот е од големо значење за универзитетот но и државата, бидејќи за прв пат во Македонија на едно место се сретнуваат неколку нобеловци но и личности од светската економија и политика.

Меѓу гостите е и Роберт Мундал, нобеловец за економија, поранешниот диреккор на УНЕСКО Федерико Мајор Сарагоса, професорите како и фудбалерот итренер Винсет дел Боске Гонзалес.

0 Коментари

Остави коментари