На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните
Foto

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните

Ветувања за правна држава, нулта корупција, повисоки плати, вложувања во здравството, инфраструктурата, економијата и земјоделството, испорачаа политичките партии во земјава на десеттина дена пред 15 јули кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори.

Денеска својата изборна програма СДСМ ќе ја претстави пред граѓаните на скопската населба Гази Баба и пред жителите на тетовско Теарце, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во посета на скопските општини Шуто Оризари, Карпош, Сопиште и Бутел.

ДУИ и нивниот кандидат за премиер ќе ја претстават програмата пред младите во Чаир, додека Алијанса за Албанците и Граѓанско демократската унија за денес најавија прес-конференции.

 

0 Коментари

Остави коментари