На Денот на Европа, европските министри со јасни пораки до Кремљ: Стоиме со Украина

Украина не е сама - шефицата на европската дипломатија Каја Калас и неколку европски министри во Лавов со силни пораки до Москва. Во пресрет на Денот на Европа, од ЕУ стигна осуда за сите оние кои денеска се појавија на Црвениот плоштад, рамо до рамо со Путин.

Шефицата на европската дипломатија, порача - додека некои избираат молк или соработка со агресорот, Европа избира отпор, солидарност и правда. 

- Мислам дека е многу симболично , што сме тука. Мислам дека секој што се грижи за слободата треба да го види она што го гледаме денес. И откако ќе го видите овој центар, кога ќе отидете на гробиштата, навистина не можам да разберам како може да стоите рамо до рамо до човекот кој решил да ги испрати тие војници да убиваат други војници. И затоа има толку непотребни смртни случаи, толку непотребно страдање на луѓето. Па, како можете да стоите во Москва денес? - Каја Калас висока претставничка на ЕУ.

Од Лавов, градот што денеска е гласот на Европа, се испрати порака дека војната можеби се води на територија на Украина, но битката е за вредностите на целиот демократски свет. 

- Европејците протестираа пред 10 години на Мајдан. И ова е причината зошто Русија одлучи да ја започне својата колонијална војна против Украина, за да се обиде и да ја потврди својата сопственост, врз земја која е независна од 1991 година. - Жан Ноел-Баро МНР Франција.

- Важно е што додека Владимир Путин и неговите пријатели парадираат во Москва на Црвениот плоштад, важно е да покажеме единство во Украина. Можете да ги видите сите министри тука, не само од ЕУ. - Јан Липавски МНР Чешка.

И додека во Москва се слави победата над нацистичка Германија во 1945 година, од Украина денеска се најавува одлука за формирање на тн, специјален трибунал за судење на руските „злосторства на агресија“. 

- Не е важен фактот дали ќе извршиме притисок или не. Важно е украинската страна да има повеќе сили. И ова ќе им помогне на Украинците. Тоа е причината зошто сме тука. И се надевам дека следната недела во Луксембург ќе одлучиме да го постигнеме тоа. - Хавиер Бетел МНР Луксембург.

Во Лавов денеска беше и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски единствениот министер од Западен Балкан присутен на Министерскиот состанок за формирање специјален трибунал за злосторството против Украина и на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ. Во рамки на посетата, Муцунски, заедно со останатите министри, оддадоа почит на украинските херои на гробиштата ‘Личајкив’ во Лавов.