На 5, 6 и 7 јули: Меѓународен хорски фестивал „Драган Шуплевски“ по 7. пат
Во организација на АКУД „Мирче Ацев“ на 5, 6 и 7 јули во Музејот на македонската борба од 20 часот ќе се одржи седмото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Драган Шуплевски“.
Во рамките на фестивалот пред публиката ќе се претстават шест хорови.
Свеченото отворање на фестивалот е на 5 јули кога ќе се одржи целовечерен концерт со настап на академскиот хор „Мирче Ацев“ при УКИМ, мешниот хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола, универзитетскиот хор Хаџи Зека од Пеја, Косово и
градскиот мешан хор „Вардар“.
Втората вечер целовечерен концерт ќе одржат академскиот хор „Мирче Ацев“, градскиот камерен хор „Астибо“ од Штип, хорот „Франце Прешерн“ на истоименото словенечко здружение, како и градскиот мешан хор “Вардар“.
На 7 јули ќе се одржи ревијална вечер на која ќе настапат сите хорови.