На 125 лица издадени решенија за изолација, 1.068 не носеле маски
Foto

На 125 лица издадени решенија за изолација, 1.068 не носеле маски

Мерката за неносење лична заштита на лице ја прекршиле 1.068 граѓани во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

На 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 потпишале изјави за самоизолација, соопштија денеска од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

0 Коментари

Остави коментари