Кошаркарите на МЗТ Скопје со пораз го завршија настапот на третиот турнир сезонава во АБА2, кој се играше во Сараево, откако во драматичен меч со многу пресврти загубија од Младост Земун (75-82).
Аеродромци лошо го одиграат финишот од средбата, дозволувајќи му противникот да направија серија 10-0, со која им го анулира водството (75-72), со кое влегоа во последните стотина секунди. Претходно, сино-белите од „Јане Сандански“ на двапати водеа и со плус четири во последната четвртина, но сиот напор им падна во вода на крајот. Јунак во противничкиот тим беше Американецот Мичел, кој при водство на МЗТ 75-74 постигна тешка тројка преку рака, за потоа македонскиот тим да не го реализира последниот напад, во кој, рака на срце, судиите имаа голем превид – игра со нога на еден од играчите на Младост.
Феми Олуџоби со 18 поени беше најпрецизен кај „металците“, додека Адем Мекиќ постигна 14 поени, а Френк Тарнер 11 поени со шест асистенции. Ѓорѓе Милосављевиќ со 17 и Александар Аранитовиќ со 16 поени беа најдобри во победничкиот тим од Земун.
МЗТ Скопје во пресрет на последните три меча, кои ќе ги одигра на турнирот на Златибор (22-27 март), има скор 6-4 и се наоѓа на четвртата позиција на табелата.
0 Коментари