МЗТ Скопје го доби дербито на АБА 2 лигата со Сплит, 70-64
Foto

МЗТ Скопје го доби дербито на АБА 2 лигата со Сплит, 70-64

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром со победа од 70:64 над Сплит дојде до петтата победа во шестиот настап сезонава во АБА 2 лигата.

„Штрковите“ од Аеродром победата ја обезбедија во финишот, откако по три четвртини игра, резултатот беше нерешен. Кога беше најпотребно, капитенот Стојановски погодуваше и му донесе радост на сино-белиот тим.

Дамјан Стојановски со 24 поени и шест скока беше најдобар поединец во победничкиот тим, а Андреј Магдевски беше сестран со 9 поени, осум скока, седум освоени топки и пет асистенции. Наредниот настап на МЗТ во оваа лига е во вторник на 12 ноември, кога ќе гостува кај Хелиос санс во Словенија.

0 Коментари

Остави коментари