МЗТ Скопје Аеродром прв финалист, инцидент на третиот натпревар во Куманово
Бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром се пласираше во финалето на кошаркарскиот плејоф, откако вечерва во Куманово го совлада домашниот тим со 88-61.
Пласманот во финалето кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го обезбедија со максимални 3-0 во серијата до три победи и во финалето ќе ја бранат титулата против победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Работнички и ТФТ.
Вечерашниот натпревар во Куманово го одбележа сериозен инцидент предизвикан од домашните навивачи, кои незадоволни од играта на својот тим влегоа на теренот по завршувањето на првото полувреме при резултат 28-53 и се обидоа физички да се пресметаа со играчите на домашниот тим.
Натпреварот продолжи, откако интервенираше полицијата и ги испразни трибините.