МЗТ остана перфектен на домашен терен во АБА-2
Foto

МЗТ остана перфектен на домашен терен во АБА-2

Во натпревар кој заврши во крајна драма, МЗТ Скопје го совлада Нови Пазар со 89-87, во 10. коло од АБА-2 лигата. Победата стигна на две десетинки до последната сирена, од мирната рака на Арон Херис, од линијата за слободни фрлања.

Претходно и гостите постигнаа кош, но беше поништен. МЗТ водеше подолго во текот на натпреварот, но Нови Пазар се врати во третата четвртина, дури и поведе, за четвртата да почне од нула, 70-70. Јунакот Херис беше најефикасен со 18 поени, Крстевски даде 16, Хиндс и Магдевски имаа по 14.

Со ова МЗТ Скопје дојде до скор од осум победи и два пораза во АБА-2, доволно за да го врати првото место, барем додека Борац не го одигра својот натпревар од 10. коло. На домашен терен, пак, ова беше шести натпревар и шеста победа.

0 Коментари

Остави коментари