МЗ: ВМРО-ДПМНЕ да одговори пред граѓаните зошто набавувало сомнителен инсулин
Foto

МЗ: ВМРО-ДПМНЕ да одговори пред граѓаните зошто набавувало сомнителен инсулин

ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори пред граѓаните зошто набавувало сомнителен инсулин за граѓаните, а не да манипулира на сметка на здравјето на пациентите - реагираат од министерството за здравство.

Оттаму информираат дека уништувањето на инсулинот е од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото отстранување е направено со одлука на владата. Уништениот инсулин од паралелен увоз е вреден 330 илјади евра, а не еден ипол милион евра.

Од министерството уверуваат дека пациентите користат квалитетни и оригинални инсулини.

0 Коментари

Остави коментари