МЗ: Тестирано уште едно лице на корона вирус – резултатот е негативен
Foto

МЗ: Тестирано уште едно лице на корона вирус – резултатот е негативен

Уште едно лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вчера е тестирано на корона вирус и резултатот е негативен, информираат од Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска повикувајќи се на растечкиот број на ново заразени во европскиот регион информираше дека контролата на системот за заштита и превенција во земјава се подигнува на уште повисоко ниво со воведување на „здравствена локатор карта“ за сите патници во авионите на „Wizz Air“ од Милано и Венеција на скопскиот и охридскиот аеродром.

– Ова ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците. Тие ќе остават податоци за тоа на која адреса престојуваат и доколку во некое сценарио се јави некој патник по одреден број денови со симптоми, многу лесно е да ги лоцираме патниците, особено сопатниците кои седеле неколку реда зад и пред заболениот патник во авионот, како што налагаат препораките, потенцираше министерот Филипче, информираат од министерството.

 

0 Коментари

Остави коментари