МЗ: Реновирана дневната болница на Клиниката за хематологија, целосно заврши обновата на установата
Foto

МЗ: Реновирана дневната болница на Клиниката за хематологија, целосно заврши обновата на установата

На Клиниката за хематологија е завршена последната фаза од процесот на обнована установата со реконструкцијата на дневната болница. Ова, како што соопштуваат од Министерството за здравство, е оддел каде што се спроведува дијагностика, терапија и долгогодишна контрола на пациентите со разни хематолошки, малигни и немалигни сериозни заболувања.

Покрај реновирањето, наведуваат во соопштеието, за дневната болница на Клиниката за хематологија обезбедени се нови апарати и  опрема што ќе овозможат здравствена нега на значително повисоко ниво, како и најсовремени апарати за стерилизација на воздухот, од особена важност за пациентите и персоналот и целосно почитување на стандардите за заштита од Ковид-19.

-Од самиот почеток на пандемијата со Ковид 19, во дневната болница непречено се реализираа сите медицински услуги во две смени, по претходно точно утврдени препораки со цел пациентите да се чувствуваат безбедно и сигурно на Клиниката. Со строго запазени протоколи, до крајот на јули годинава реализирани се  вкупно 9310 болнички денови, стои во соопштението од Министерството за здравство.

 
 

0 Коментари

Остави коментари