МЗ по алармот на граѓанските активисти од Кочани за капацитетите на кочанската болница

Тимови на специјалисти од утре ќе почнат со евалуација на здравствената состојба на сите повредени од пожарот во Кочани за да се утврдат понатамошните потреби за лекување и помагала.

Во моментов 11 од повредените се уште се на лекување во странство...Четириесет пак се на физикална терапија. Но, дали болницата во Кочани ги има сите потребни услови за секој од нив да добие соодветна нега? Бројката на пациенти на кои ќе им биде потребна здравствена грижа ќе се зголемува, а во кочанската болница со години наназад не се инвестира ниту инфраструктурно ниту кадровски. 

Од министерството за здравство велат дека се организираат медицински тимови од Скопје за поддршка на персоналот во Кочани, а за се што ќе се јави како потреба велат дека дополнително ќе се координираат за да го обезбедат.

Во меѓувреме тимови од Велика Британија вршеа обуки на медицинскиот персонал во земјава. Лекарите велат дека станува збор за длабоки изгореници и рани за кои ќе биде потребен подолг третман за заздравување. 

Во пожарот во Кочани животот го загубија 62 лица, а 200 беа повредени.