МЗ: Од хоспитализираните на Инфективната клиника само околу 10% се вакцинирани со две дози вакцини

Вечерва од Министерството за здравство реагираат на информацијата објавена во вестите во 17 часот, демантирајќи дека голем дел од хоспитализираните на Инфективната клиника во Скопје се вакцинирани.

„Министерството за здравство тврди дека на Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 94 пациенти и само околу 10% се вакцинирани со две дози вакцини и истите се со полесна клиничка слика“ - реагираат од Министерството за здравство.

Пласираната информација беше ненамерна.