МЗ не реагира на наводите и насоките од ДЗСИ

Министерството за здравство молчи по контролата на здравствениот инспекторат во која се утврди дека спротивно на законите се реализирале вработувања на Универзитетската клиника за токсикологија.

Од кабинетот на министерот Демири нема одговор на прашањето дали ќе се валидираат договорите за вработување на неколкумина здравствени работници, за кои инспекторат утврди дека се само со потпис на економската директорка Бесија Иљази, но без потпис и од медицински директор, како што налага законот.

Инспекторатот претходно предочи дека дел од овие договорци немале ниту соодветно образование за позициите и порача дека правниот сектор на министерството треба да ги валидира договорите.

Денеска до медиумите пристигна уште едно соопштение во кое се трврди дека зад истото стојат 57 вработени на клиниката, но без потписи и имиња од испраќачите, а во кое се обраќаат до економската директорка со неколку прашања.

- Дали сте спремна за Вашето економско работење во изминативе 3,5 месеци, јавно да се соочите со Раководителот на сметководтсвото при Клиниката? Дали сте спремна да понесете лична одговорност, што на 15 мај на се уште незавршени парламентарни избори, спротивно на законот, потпишувате решенија на договор на дело со 18 извршители? Дали сте спремна да поднесете лична одговорност, што поради Вашата неажурност, секој ден остануваме без некој лабораториски и токсиколошки реагенс, за што уредно во повеќе наврати сте писмено и усно известени од Раководителот на тој оддел.

Во меѓувреме пак од Државната комисија за спречување корупција инфомираат дека отвориле предмет по сопствена иницијатива за проверка на податоците за имотна состојба и интереси на Бесија Иљази, додека пак во однос на вработувањата за кои Државниот здравствен инспекторат изврши инспекциски надзор, по добивање на записниците, ДКСК ќе донесе одлука за натамошно постапување.

Инспекторатот изврши три контроли во клиниката при што утврди низа неправилности кај менаџментот. Министерот за здравство го разреши само медицинскиот директор, поради како што соопшти несовесно работење во целиот овој изминат период , но и поради тоа што иако имал согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, тој не постапил и ангажираните оделе на работа без договор и без плата за нивниот труд.