Министерството за здравство го демантира наодите што ги изнесе пратеникот Милошоски. Велат дека постапката за набавка на компјутерски томографи за потребите на болниците во Гевгелија и Кавадарци не е завршена.
Со оглед дека се работи за специфична медицинска опрема, посочуваат од Минстерството, во предметната постапка биле вклучени и стручни надворешни лица од двете установи, задолжени за изготвување на техничките спецификации како дел од тендерската документација како и да ги евалуираат пристигнатите понуди.
Повторната евалуација на понудите се уште е во тек и од страна на Министерството за здравство нема донесено никаква одлука за избор или поништување, што значи постапката се уште не е завршена, стои во соопштението.
0 Коментари