МВР: Значително намален бројот на жртви на патиштата
Минатата година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првите четири месеци во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на значително намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
МВР заедно со републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и факултетот за безбедност од скопје продолжуваат со активности со цел подигање на нивото на сообраќајна култура и на тој начин намалување на бројот на жртви во сообраќајот. Денеска во Гостивар беше организирана акција во склоп на кампањата „и јас и ти- сите сме пешаци! безбедноста на прво место!“.