МВР тврди дека е ставена точка на хаосот со лични документи
Хаосот со личните документи ставен под контрола, ги нема гужвите. Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека во текот на вчерашниот ден, со здружени сили, одобрени се околу 9.000 барања за издавање на лична карта на жителите на Скопје, а проценките се дека заклучно со денес ќе бидат одобрени околу 20.000.
Во екот на предизборието, од МВР велат дека работата интензивно да понудат услуги на граѓаните и да секој може да си го оствари уставното загарантирано право за време на изборите.
Изминативе денови министерот Тошковски соопшти и дека со новиот модел на достава на личните карти на граѓаните во Скопје, за две недели биле доставени четири и пол пати повеќе документи отколку што тоа било претходно.