МВР: Тројца приведени на протестот поради нарушување на јавниот ред и мир

Полицијата приведе три лица на протестот што вчера се одржа пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир, соопштија МВР.

„Во 17:45 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје приведоа три лица, македонски државјани, пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир“, се вели во полициското соопштение.

Вчера се одржа протест на кој студенти излегоа со барање да се овозможи полагање на правосудниот испит на албански јазик.