МВР: Тошковски на митинзи оди со приватно возило и му следува 24-часовно обезбедување

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски после работно време присуствувал на партиски состаноци на ВМРО-ДПМНЕ, но со свое сопствено возило, но и со лично обезбедување кое му следува според позитивните законски и подзаконски норми одговорија од МВР по обвинувањата од страна на опозициската СДСМ дека Тошковски ја злоупотребува својата функција за партиски цели.

Во дописот до ТВ 24 откако побаравме одговор од МВР наведуваат:

МВР 

- Што се однесува за присуството на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на партиски настани, ве известуваме дека министерот на тие настани присуствува по завршување на работното време. Министерот Тошковски на партиските активности оди со приватно возило. Според позитивните законски и подзаконски норми на министерот за внатрешни работи му следува 24 часовно постојано лично обезбедување.

Ова доаѓа откако веќе извесен период опозициската СДСМ јавно го прашуваше Тошковски дали ја злоупотребува својата функција и дали партијата му е пред се односно како што обвинуваа наместо да се бави со тоа што му е надлежност се бави со како што велеа политиканство но и бараа негова оставка. И денеска во својата реакција во која реагираат за искршени стакла на партиски штаб во Градско наведуваат.

СДСМ 

- Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Овој насилнички и вандалски чин го покажува стравот на власта од изборен пораз во Градско. Бараме МВР и Панче Тошковски да не ги штитат насилниците, туку веднаш да постапат, без партиски директиви, МВР да го расчисти случајот до крај и сторителите да одговараат. 

Во врска со партиските состаноци за кои СДСМ обвинуваше дека покрај Тошковски присуствувале и началници и бараа институциите да реагираат ТВ 24 ја конктактираше и Антикорупциска кои во одговорот се повикаа на правилникот во кои се содржани ограничувањата кои важат за изборниот период но и повикувајќи се на член 13 од кодексот укажуваат дека не е спорно присуството на партиски состаноци после работно време се додека не се доведува во прашање  професионалноста на институцијата, но и наведуваат дека  го следат изборниот процес и ќе преземаат мерки во случај на  сомневање за прекршување на законските правила и ограничувања.