МВР: Пријавата за напад е лажна

Пријавата за напад е лажна, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

- Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна.

Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. 

Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата. - се вели во соопштението од МВР.