МВР повикува сите што се жртви на злоупотреба од јавна соба да пријават
Foto

МВР повикува сите што се жртви на злоупотреба од јавна соба да пријават

 

Сексуално вознемирување, вулгарни пораки и тормозење и се случило на 28 годишна девојка,  откако некој ја ставил во групата „Јавна соба“.

Нејзината приватна фотографија од плажа завршила во групата на Телеграм, а илјадниците членови се читале информации за неа со  порнографски контекст. Сите повици и пораки и стигнувале на мобилниот телефон, кој бил напишан во групата. На Инстаграм оваа девојка раскажа дека се чувствува беспомошно иако веќе пријавила и во полиција.

Од МВР велат дека прават напори за оваа група во која има над 5000 членови да се затвори, и се обратиле до главното седиште на оваа социјална мрежа, но вратите биле затворени за полицијата. Но, и понатаму бараат жртвите да пријавуваат во МВР.

Случајот е заглавен во секторот за компјутерски криминал веќе цела година. Обвинителството се интересирало деновиве што се случува и зошто нема напредок за постапката која е отворена од лани, вели шефот на скопско обвинителство Сашо Рајчев за ТВ24. Но, според адвокатката Наташа Бошкова, оваа предистрага тапка во место бидејќи не се вложени доволно напори да се расчисти до крај. 

Бошкова е адвокатка на две жртви кои го пријавиле случајот и во полиција и во МВР. Порачува дека неказнивоста само ги обесхрабрува жртвите да пријавуваат, додека бројот на вознемирувачи на интернет паралелно расте. 

Од платформата за родова еднаквост бараат сексуалното вознемирување да влезе во Кривичниот законик како казниво дело.

0 Коментари

Остави коментари