МВР објави оглас за 150 полицајци
Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за вработување на 150 униформирани полициски службеници. Во повикот полицијата ги охрабрува сите млади, непартиски лица, мажи и жени под 25-годишна возраст да аплицираат на огласот, за чие работно место ќе претходи едногодишен интензивен процес на едукација, вежбање и обука.
Според нив, полицијата е од суштинско значење во едно општество бидејќи, како што велат, таа е гарант на безбедноста, сигурноста и владеење на законот што се темел за прогрес и економски благосостојба на државата и сите граѓани во неа.

