МВР: Немало закани и напад на полицајци во арачиново- виновни се полицајците – одат на дисциплинска

Немало никакви закани и напад на полицајци во Арачиново- виновни се полицајците- не ги презеле потребните службени дејствија, за што ќе има дисциплинска постапка. 

Тоа го покажале деталните проверки на МВР кое денеска излезе со демант и побара да не се шират дезинформации за тоа дека од страна на вооружени лица биле нападнати полицајци во Арачиново.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се закани - или уапсете ги сторителите или ќе ги објавиме имињата.