МВР: Лажни се дел од десетиците закани за бомби во Скопје

Дали денеска ќе има бомба или ќе учиме? Ова е најчесто прашање кое го добивале наставниците од своите ученици.

Психолозите на ставот дека после ковидот, најавите за бомби се дополнително оптоварување на образовниот систем, учениците се привикнуваат на можностите да имаат ден повеќе слободен пропратен со стресови и можност за нарушување на менталното здравјке. За родителите дополнителен хаос, за наставниците стрес како да ги исправат учениците на правиот пат.

Не се знае кој јаде, а кој пие, коментираат граѓаните за секоја дојава на бомба.

Безбедноста за своите деца причина за дополнително исселување на родителите со своите деца во други држави. Стравот е се поголем коментираат психолозите појаснувајќи дека штетите се најголеми во образование, наставниците не знаат дали да се фокусираат на децата или на дојавата за бомба.

Веќе неколку месеци, скоро па секој ден во Македонија има лажни дојави за бомби. Сторителите ретко се пронаоѓаат. Како и вчера така и денеска бомбите најавени – полицијата во акција, граѓаните во паника, просветните работници во страв за безбедноста на своите ученици.