МВР: Лажна дојава за бомба во Железничката станица во Скопје

Анонимен телефонски повик со дојава за бомба добиле вработени во железничката станица во Скопје. 

Од СВР Скопје за ТВ 24 велат дека во нивната сртаница стигнала дојава  дека во кругот на Меѓународна автобуска станица - Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор лице кое го оставило куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните.