МВР: Кривична пријава за кривично дело терористичка организација, лишени од слобода четири лица
Пет локации во Скопје и Гостивар на „мета“ на полициска акција при разоткривање на терористичка организација. Автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети се само дел од пронајдените и одземените предмети.
Како резултата на акцијата, лишени од слобода се четири лица, за кои од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до надлежниот обвинител е поднесена кривична пријава за кривично дело „терористичка организација“, предвидено и казниво по член 394 а.
За првопријавениот постојат основи на сомневања дека создал терористичка ќелија која делувала од позиција на идеолошка матрица на познатата терористичка организација ИСИС.
Од обвинитеслтво дообјаснуваат дека акцијата е резултат на преземените дејствија на Лабораторијата за дигитална форензика при Основното јавно обвинителсво за гонење на организиран криминал и корупција, каде се откриени повеќе групи на социјалната мрежа Телеграм во кои осомничените споделувале претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирале нови членови.
„Постапувајќи по кривичната пријава надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „терористичка организација“. Ценејќи дека се исполнети законските услови, предметниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување на мерка притвор спрема сите осомничени. Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.“ - велат од ОЈО.
При крајот на минатата година МВР спроведе успешна акција ореку која разоткри терористичка ќелија која планирала напади во земјава но и регионот. Уапси 4 лица од Гостивар и Струга под сомнение дека планирале и индокринирале луѓе од земјава и Балканот кои ќе делуваат во терористички акции. Лицата биле следени подолг период од безбедносните служби. Терористичка келија била поврзана со одредени екстремистички религиозни групи.