МВР: Кривична пријава против скопски градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување

Кривична пријава добија Стевчо Јакимовски, градоначалникот на општина Карпош и петмина вработени во оддел за урбанизам од неговата општина, бидејќи на правно лице кое ги раководело тениски терени дозволиле истите да ги легализира, иако се работи за времени проекти.

Во кривчната пријава стои дека се товарат за злоупотреба на злоупотреба на службена положба и овластувања. Односно Јакимовски поптпишал урбанистичка согланост за легализирање на времен објект, иако според Законот за градење и Законот за за утрдување на правен статус на бесправно изградени објекти времен објект, не може да биде предмет на легализација.

Со ставениот потпис на правното лице му овозможиле легализацијата на времениот објект со повзишна од над 3.990 метри квадратни и стекнување на противправна имотна корист во износ два милиони 395.000 евра. Правното лице пак, против кое исто така е поднесена кривична пријава поднело барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, по што петте вработени во општината Карпош извршиле увид на место.

- Констатирале дека наводно објектите за спорт и рекреација - тениски игралишта ги исполнуваат условите за нивна легализација. Тие потоа изготвиле и заедно со пријавениот градоначалник, потпишале урбанистичка согласност, по која откако бил платен одредениот данок на имот, изготвиле и потпишале и решение за утврдување на правен статус на бесправен објект. - МВР.

Од Општина Карпош преку соопштение ја отфрлаат кривична пријава, нарекувајќи ја злонамерна и политички мотивирана. Според општина Карпош стручните служби од општината  предметот за легализација на спортските објекти на Александар Палас со внимание го имале разгледувано и истиот бил решен согласно законските прописи.

- Општина Карпош категорично тврди дека легализацијата е законита за овие спортски објекти затоа што за се’ што се издава одобрение за градба се врши легализација, а за истите објекти правното лице Александар Палас има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за кое не го спровеле во катастар. Дополнителен аргумент е фактот што за тениски терени изградени на територија на општина Карпош во времето на Никола Груевски е издадено одобрение за градба. - Општина Карпош.

Од општината уште пишуваат и дека дека кривична пријава ќе биде отфрлена како недопустлива од причини што надлежните општински органи правилно ги утврдиле фактите и извршиле легализација согласно законските прописи кои ги донела Владата на Никола Груевски.