МВР: Кривична пријава и отстранување од работа на началникот дел од обезбедувањето на Гаши
Кривична пријава и отстранување од работното место за полицискиот службеник кој предизвика инцидент на Меѓународниот Аеродром Скопје. МВР излезе со детали за настанот – соопштението налик на филмско сценарио кое ја отсликува хистеријата на една група на моќници наспроти втора група која се држи стриктно до протоколите. Како дошло до ваквото сценарио?
Првиот човек на законодавниот дом, Африм Гаши одлучил да воспостави ред и поредок на скопскиот аеродром откко разбрал дека косовската претседателка, Вјоса Османи мора да ги помине процедурите како и сите останати.
Поставувајќи се од позиција на моќ наредил на своето полициско обезбедување да тргне на скопскиот Аеродром – полицаецот се впуштил во акција. Ја запалил колата, ги вклучил ротационите светла и тргнал да ја спасува косовската претседателка од протоколи кои се и во самите правила на аеродромот.
Полицаецот на Гаши откако пристигнал и излегол од колата одлучил да покаже дополнителна моќ па го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од скопскиот аеродром кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија. Првиот полицаец на Гаши, одлучил да продлќи со својата интенција на надмоќност со уште двајца други свои колеги се заканил по живот.
„Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови. Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот.“ - пишува во соопштението на МВР.
Но претседателот на Собранието, Африм Гаши пред ваквите детали да ги соопшти МВР тврдеше дека неговото обезбедување отишло да ја смири ситуацијата на аеродромот.
„Не, затоа што моето обезбедување отишло да се смири ситуацијата и ако некој сака да смири нешто и ако сака некој од тоа да гледа да направи тенденција тоа е до тие луѓе. Мојата заложба и денеска и вчера и секогаш била и ќе биде да смирувам да зближувам и да работиме за сите граѓани, а не да делиме и да правиме инциденти.“ - рече собранискиот спикер, Африм Гаши.
Она што сепак останува непознато е дали ќе има некаква одговорност и за собранискиот спикер Африм Гаши кој отворено призна дека го пратил човекот од своето обезбедување на аеродромот. Во извештајот на МВР се зборува само за луѓето кои дошле на аеродромот, но нема ниту збор за човекот кој ја издал наредбата, во овој случај претседателот на Собранието.