МВР го казни обезбедувањето на Мијалков
Foto

МВР го казни обезбедувањето на Мијалков

Обезбедувањето на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков вечерва доби прекршочна пријава поради користење на флешери и хорна на возилото Сеат кое го користи обезбедувањето.

Од МВР потврдија дерка вечерва во близина на хотелот „Мериот“ во центарот на градот, од возилото на обезбедувањето на Мијалков, биле одземени флешери и хорна. Овие додатоци на возилата се забранети за употреба од страна на цивили и се дел само од полициската опрема на возилата.

Претходно за употреба на флешери беше санкциониран и порнанешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски.

0 Коментари

Остави коментари