МВР: 269 казнети возачи во Скопје, 32 беа без возачка, 17 возеа под дејство на алкохол
Foto

МВР: 269 казнети возачи во Скопје, 32 беа без возачка, 17 возеа под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 269 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 32 санкции, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 мерки за непочитување на брзина на движење, 14 за користење на мобилен телефон. Изречени се 17 санкции за возење под дејство на алкохол,  21 за некористење на сигурносен појас, шест за непрописно престројување на возила и 64 санкции за непрописно паркирање“ - информираат од МВР.

Оттаму информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

0 Коментари

Остави коментари