„Музика за 30 прсти“ на „Есенски музички свечености“
Foto

„Музика за 30 прсти“ на „Есенски музички свечености“

На програмата на концертот, насловен „Музика за 30 прсти“, се дела од Черни, Крас, Де Фаља, Рахманинов и Бајнов, соопшти Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Во рамки на фестивалот „Есенски музички свечености“ вечер од 19 часот во фоајето на Национална опера и балет концерт ќе имаат пијанистките Сара Пројковска, Марија Вршкова и Елена Атанасовска-Ивановска.

На програмата на концертот, насловен „Музика за 30 прсти“, се дела од Черни, Крас, Де Фаља, Рахманинов и Бајнов, соопшти Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Влезот е слободен, но со ограничен број на публика и со претходна најава на телефоните  3165 064 и 3222 341 најдоцна до денеска во 11 часот или на електронската адреса: skleto@unet.com.mk.

Концертот се организира со почитување на здравствените протоколи за јавни настани.

0 Коментари

Остави коментари