Муслиу за ТВ 24: Не е добро ние да станеме тема ни во Грција ни во Бугарија, а ни дома да се крева фама околу името Македонија

Ако со Грците влеземе со политичка пресметка тоа пак ќе биде на наша штета. Со нАТО завршивме работа но ни останува ЕУ. Претседателката има мандат да се однесува како што смета, но има одговорност пред општеството. Јас на пример можам секогаш да велам Македонија затоа што не сум официјално лице и никој не може да ми го забрани тоа. И Бугарија и Грција рекоа дека внимавале на тој момент од инаугурацијата поради политичката реторика на ВМРО-ДПМНЕ. Не е добро ние да станеме тема ни во Грција ни во Бугарија. Ние бевме жртви на бугарската изборна кампања, а сега Грција е пред европски избори и има проблем со екстремната десница. Бара трезвеност во постапувањето оти пред нас се уставните промени за кои верувам дека ќе се изнајде модус за решавање. И со намалената поддршка на нашите граѓани за ЕУ таа сепак е над 70%. Тоа е врзивно ткиво на нашето мултиетничко општество. Патем, не го осудувам многу ова што го направи Силјановска, но да не се продолжи многу за да не им дадеме муниција на Бугарија и Грција да го прават тоа што го прават, оти факт е дека тие се члени на ЕУ а ние не сме, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

- Погрешно е и кај нас многу да се крева фама околу оваа работа, - вели Муслиу.