Муслиу за ТВ 24: Инцидентот во Охрид е насилство од омраза и така треба да се дефинира

Алберт Муслиу аналитичар во емисијата 24 Отворено истакна дека самиот факт дека нападот во Охрид е нешто што се случува насекаде. Изјавата на напаѓачот била дека тоа било на етничка припадност и така треба да го претставиме. Разликата помеѓу држава која поддржува расизам, шовинизам, етничко омаловажување е што државата не реагира.

- Тука имаше реакција и нема тука ништо драматично. И ние сакаме малку драма, сме имале говори на омраза. Ова било насилство од омраза и така треба да се дефинира. Судот нека го докаже тоа и на крај тој пресудува. Ова се казнува, но не е нешто страшно, ние како општество така и реагираме. Мене ме зачуди бугарскиот министер кој рече дека ќе размислат за ветото. Во преговарачкиот процес не се става вето. Бугарите за некои работи се многу наназад од нас. - вели Муслиу.