Муслиу: Не му претстои лесен период на Ковачевски!
„Не му претстои лесен период на Ковачевски. Треба сериозно да се пристапи кон работа. Едно е граѓаните како ќе го прифатат новиот мандатар, и второ, како ќе се справи со надворешните проблеми, пред се со Бугарија. Во економијата ни претстои сериозна зима, има и ковид пандемија, ова се сериозни предизвици. Ковачевски ќе има потреба некои политики да ги продолжи, но и да остави свој белег. Треба да се воспостават нови контакти и да се зајакнат постоечките. Допрва треба да видиме како Ковачевски ќе пристапи на „Едно општество за сите“ вели Алберт Муслиу - политички аналитичар во Студио 10 на ТВ24.