Мусиала втор најмлад стрелец во историјата на Германија
Foto

Мусиала втор најмлад стрелец во историјата на Германија

Осумнаесетгодишниот фудбалер на Баерн Мимхен, Џамал Мусиала  го постигна првиот гол за репрезентацијата на Германија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2022.

Тој синоќа во Скопје се запиша во листата на стрелците постигнувајќи го четвртиот гол во триумфот над македонската репрезентација со 4:0.

Мусиала стана вториот најмлад стрелец во историјата на националниот тим со 18 години 227 дена.

Прв на оваа листа е Мариус Хилер, кој се истакна на возраст од 17 години и 241 дена. Ова се случи во 1910 година, кога репрезентацијата на Германија (Германската империја во тоа време) ја победи Швајцарија (3:2). За Хилер, тој гол беше единствениот во германската репрезентација. Потоа, тој се пресели во Аргентина, каде одигра и неколку натпревари за националниот тим на „гаучосите“.

0 Коментари

Остави коментари