Мусети ја забележа првата победа на Завршниот АТП турнир

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети синоќа го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во меч на Завршниот АТП турнир во Торино.

Натпреварот траеше 2 часа и 48 минути и заврши со 7:5, 3:6 и 7:5. Ова е прва победа за Мусети на турнирот.

Дваесет и тригодишниот Италијанец сервираше пет аса, направи три двојни грешки и реализираше три од 12 брејк топки. Неговиот противник сервираше 10 аса, немаше двојни грешки и реализираше две од пет брејк топки.

Италијанецот ќе игра против лидерот во групата, Карлос Алкараз, во третото коло. 

Наградниот фонд на турнирот изнесува 15,5 милиони долари.