Мурати: Неопходно е унапредување на статусот на уставните судии за нивна целосна самостојност и независност
Foto

Мурати: Неопходно е унапредување на статусот на уставните судии за нивна целосна самостојност и независност

Неопходно е унапредување на статусот на уставните судии, при што не се мисли само на материјалните прашања, туку воопшто, со цел да се обезбеди нивна целосна самостојност и независност, потребно е да се обезбеди и гарантира буџетската и административната автономија на судот, вели во интервјуто за МИА претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати.

Според него, неблагодарно е судот да се врзува за фиксни рокови во однос на донесување одлуки за сите предмети, вклучувајќи го и предметот за оценување на уставноста на законот за дополнување на законот за помилување.

„При донесување конечна одлука по овој предмет треба да бидат земени предвид одговорите од доносителот на оспорениот акт – собранието и евентуално и на другите учесници во постапката, како на пример владата на република северна македонија.“ - вели Мурати.

0 Коментари

Остави коментари