Мултимедијалниот изложбен проект на ликовниот уметник Иванчо Талевски

„Пресек: дама со девет камења“ е насловот на мултимедијалниот изложбен проект на ликовниот уметник Иванчо Талевски чии дела се изложени во чифте амамот.

Тој со своите цртежи изработени со јаглен, ги бележи времето и просторот преку претставување на реакции од различни искуства, општествени процеси, феномени, случки и локации.

Изложбата ќе трае до 30-ти јули, а подетално со талевски разговараше колешката Марија Латиновска.