Мултимедијална изложба „Вечното танго“ во Ко-Ра

Во галеријата „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечерва од 19.30 часот ќе биде отворена мултимедијална изложба „Вечното танго“ инспирирана од делата на Астор Пјацола и од т.н. златен период на тангото. 

Се работи за традиционална изложба која, како што велат организаторите, секоја година здружува се повеќе уметници од земјата и од надвор од неа, инспирирани од тангото како интеркукултуролошки феномен и моќна врска меѓу културите, народите, ентитетите, уметностите низ светот.

 

По отворањето на изложбата, со свој танц перформанс ќе се придружат и членовите од Сатудиото за танц „Фамилија Тангови“. Во мултимедијалниот дел се предвидени и видеопроекции, перформанси, концертен настап на музичарите Драган Гоневски – виолончелист и Димитар Ганчевски – пијано.

Годинава како соорганизатор на настанот се придружува и Фестивалот на светските уметнички игри (WAG) чие шесто издание минатата година се одржа во Домот на културата „Кочо Рацин“-Скопје, а годинава, по седми пат, во Париз.