Мукоски нема да се „брани” за 27 април, Тарчуловски ќе дава исказ пред судот
Foto

Мукоски нема да се „брани” за 27 април, Тарчуловски ќе дава исказ пред судот

Со изведување на писмени докази утре ќе продолжи судењето за обвинетите за насилните собраниски случувања од 27. април, минатата година, откако судијката Добрила Кацарска донесе решение денешното рочиште да се одложи, а по констатација дека обвинителката Вилма Русковска е спречена да присуствува на судењето. Во судница денеска не беа ниту оние обвинети кои се на издрување на мерката притвор.

„Денеска можеме да договориме што ќе работиме на следните неколку рочишта. Утре можеме да ги изведеме писмените докази, а веќе в понеделник ќе почнеме со доказите а одбраната, односно со сведоците кои ги предложил господиниот Крсто Мукоски.“ - вели Кацарска.

Судијката Кацарска, во записник нотираше дека обвинетиот Мукоски нема да даде своја одбрана, но затоа, пак, судот ќе ги сослуша двајцата сведоци што тој ги предложил. Своја одбрана нема да даде нитиу пратеникот Сашо Василевска, но за разлика од нив двајцата, обвинетиот Јохан Тарчуловски ќе даде одбрана, но, затоа, пак, ќе ја повлече листата на докази што тој ја предлагаше. Судот, односно судијката Кацарска е убедена дека веќе в понеделник ќе бидат исцрпени доказите и ќе бидат изведени ијавите на сите петмина обвинети пратеници.Иако и денеска ја избегнуваа темата за можна амнестија, сепак, се стекнува впечаток дека обвинетите се малку порелаксирани во однос на претходниот период. Инаку, како што е познато од 33 лица, 28 одговараат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а двајца за помагање при вршење на истото кривично дело.

0 Коментари

Остави коментари