Муцунски за ТВ 24: Предлогот е класична уцена и е комплетно удоволување на бугарските барања

Не, благодариме - предлогот е бугаризација наместо европеизација. Опозиционерите на протести против прифаќањето на како што велат идентичниот предлог кој што Ковачевски глумеше дека го одбил и кој носи капитулчација з аземјава. Поддршка за протестите и до дел од граѓански активисти, но и порамнешни пратеници на СДСМ, Весна Бендевска која е актуелна претседателка на Комисијата за антидискриминациа за ТВ 24 - како да штитам туѓи права ако не го заштитам сопствено. Протестирам против оваа лакрдија, без да калкулирам за последиците.

- Тоа што  со сигурност може да го констатираме според мојот став, ВМРО-ДПМНЕ и голем број експерти кои ги гледаме како излегуваат во медиумите, а и актуелни функционери на СДСМ, е дека имаме предлог кој е недостоинствен, предлог кој ја внесува Македонија во ситуација, наместо да преговара во преговарачка рамка согласно европските вредности на Шуман и Аденауер каде што се обединуваме во различности, да преговараме во содржината на оваа преговарачка рамка под диктат на Петков, Радев, Генчовска и субјективни бугарски политичари, рече Муцунски.

Муцунски повика граѓаните будно да следат што има во преговарачката рамка, бидејќи тоа што е ноторен факт е дека во ова преговарачка рамка, врвен европски критериум станува прашањето за нашето образование, за нашата историја и интегрално се вметнува билатералниот договор помеѓу Македонија и Бугарија, кој што со усвојувањето на ваква рамка веќе не е билатерален спор туку станува европски критериум.