Муцунски за ТВ 24: Општина Аеродром со 400 илјади евра помалку поради електричната енергија

Тимчо Муцунски, градоначалникот на Општина Аеродром, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 изјави дека очекува за околу 400 илјади евра поголем трошок за буџетот на локалната самоуправа за оваа година поради зголемувањето на цената на електрична енергија купувана на слободниот пазар.

- Тоа се пари со кои на пример може да се изгради една детска градинка, рече Муцунски, кој додаде дека тоа се проблеми со кои се соочуваат и останатите општини.

- Жалам што претходната општинска администрација не го антиципирала проблемот со електричната енергија. Како што дојдовме во рок од 10 дена заврши тендерот за обезбедување на електирчна енергија што не стави во ситуација каде плаќаме многу висока цена за обезбедувањена електрична енергија.Тоа е така бидјеќи претходно не се антиципирало и  ненавремено се постапило кон обезедување на јавна набавка која би значела постабилна цена на струјата.

Тој појасни дека годишниот буџет изнесува 700 милиони денари, односно околу 11,5 милиони евра. Дотациите за градинки се намалени за 20 милиони денари за образование и градинки од Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика во услови кога, вели тој, нивните буџети се зголемени.

- Додатоците се намалени, а трошоците за струја се зголемини. Со помалку средсатва, ќе направиме многу повеќе. Колку и да се жалиме ние сме фокусирани да наоѓаме начин со пооптимално трошење на парите и да обезбедиме поквалитени услуги. - вели Муцунски.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалниците на скопските Општини бараат Владата итно да им даде пари за да можат да си ги платат сметките за струја. Од Владата пак ги повикуваат oпштините како и државните институции навремено да си ги плаќаат сметките за да може да има редовно снабдување со струја.

Градоначалникот уште еднаш ги повтори приоритетите да се изградат 4-5 нови градинки и доградба и прошируѕвање на 3-4 основни училишта, како и дигитализација на општината.  Во програмата е предвидено и средно училиште.

- Срамота е најголемата општина да нема ниту една гимназија. До крајот на мандатот заедно со Град Скопје ќе изградиме една модерна гимназија, додаде Муцунски.