Муцунски со повик до опозицијата - да не ја блокира реформската агенда
Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски бара од опозицискиот лидер Венко Филипче да ги поддржат измените во изборниот законик за да може државата да ги користи сретствата од европските фондови . Муцунски ја повика опозицијата барем на момент како што рече да се тргнела од партиската агенда бидејќи како што додаде станувало збор за историски највисока исплата на средства за државата во рамките на европскиот План за раст, но за тоа е потребно да се донесат законски измени од реформската агенда за кои што е потребно консензус или двотретинско мнозинство.
Првиот опозиционер пак на ваквите повици одговори експресно . Во тој контект денеска Филипче од партиската говорница порача дека како што рече и владата и претседателката Сиљановска Давкова веќе ги промениле ставовите кои ги имале од претходно во врска со Преспанскиот договор и за тоа смета дека е време да се пристапи кон уставни измени .
Претседателката Гордана Сиљановска Дафкова пак и денеска во изјавата за медиумите додаде дека не го сменила својот став во врска со Преспанскиот договор но и логично е вели што поради самата суштина на договорот две страни различно го читаат и толкуваат . Поради тоа додаде дека постапката на министерот Муцунски да го повика бугарскиот амбасадор била добар потег за да му укаже дека терминот кој го користела бугарскта шефица на дипломатиојата „северномакедонски“ е навредлив .
Реториката меѓу Скопје и официјалкна Софија повторно се најде во фокусот на јавноста откако шефицата на бугарската дипломатија Чамова на маргините на советот на Брисел го употребила терминот „северномакедонски партнери „по што бугарскиот амбасадор во Македонија доби вербална нота по средбата со министерот Муцунски во МНР а пак Муцунски побара и билатерална средба со Чамова на состанокот на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО што ќе се оддржи во Шведска за десетина дена .

