Муцунски: Некоректно е да се блокира економска помош поради граѓаните без државјанства
Foto

Муцунски: Некоректно е да се блокира економска помош поради граѓаните без државјанства

„Тоа што треба да е врвен приоритет е петтиот пакет економски мерки, во таа насока од 16. февруари ВМРО-ДПМНЕ апелира на побрзо донесување на законите. Нејасно ни е зошто до 23 март ова седеше во собраниските фиоки, зошто не беа ставани точките на дневен ред. Има одреден број граѓани кај нас кои се без државјанство и веројатно трпат последици, треба да се најде решение. Верувам дека за тие отприлика 1.000 луѓе треба да се најде решение, но некоректно е да се блокира економска помош со едно вакво прашање. Течат процедуири за голем број закони, најголем дел се од техничка природа. Тоа што е клучен приоритет не може да дојде на дневен ред, сите треба да си го преземат делот од одговорноста. Треба да покажеме прагмамтичност како пратеници кога тоа е во интерес на граѓаните, мора да се разрешат овие прашања поради кои може да дојде до затворање на компании. Оптимист сум дека може брзо да се дојде до решение“ - вели Тимчо Муцунски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Студио 10 на ТВ24.

 

0 Коментари

Остави коментари