Муцунски на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО во Брисел
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата, на кој главни теми СЕ имплементацијата на одлуките од Самитот во Хаг, безбедносните предизвици со кои се соочува НАТО, мерките за зајакнување на способноста за одвраќање и одбрана, поддршката за Украина и подготовките за следната средба во јули 2026 година во Анкара.
Се очекува да бидат разменети информации за заедничките напори за продолжување на континуираната поддршка за Украина, како и размена на ставови за одговор на актуелните безбедносни предизвици и закани...

