Муцунски: Дијалог има, но не и преговори под “радарот“
Црвените линии се историјата, јазикот и идентитетот и земјата нема намера да отстапи од нив порача и денеска шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски нагласувајќи дека не е праведно преговорите за евроинтеграциите да заглавуваат на идентитетските обележја.
Иако Муцунски вели има во континуитет постојан дијалог со сите засегнати страни во процесот на проширувањето, а владата ги користела сите позиции кои и стојат на располагање сепак посочи изминатиот период поради колективните одмори и во Брисел немало конкретни средби и чекори во преговоприте
Ова доаѓа како резултат и на реакциите на опозициската СДСМ кои во неколку наврати бараа одговори, но и го критикуваа молкот на власта за како што велеа преговорите кои се воделе под радар дека наводно ќе има деблокада на процесот, а јавноста за тоа се уште не е информирана нити пак ваквите тези ги оправдале властите.
Во 100 дена отчет пак ниту бугарскиот премиер Радев не ја прошушти темата Македонија каде посочи дека официјална Софија ги поддржува евроинтегративните процеси на земјата но не безусловно, и дека властите во Софија се залагаат за активна, принципиелна и национално одговорна билатерална дипломатија“, со Македонија и дека владата предводена од премиерот Румен Радев ги поддржува „добрососедските односи, но тие се поврзуваат со исполнувањето на преземените обврски и со реалната заштита на правата на Бугарите во Република Северна Македонија“.
Отчетот за сто дена владеење на Радев е содржан во 208 страници а најде на сериозни критики и кај бугарската опозиција.
Новата стратегија на Румен Радев за надворешната политика на Бугарија до 2030 година доаѓа во време на интензивни разговори за деблокада на европскиот пат на Северна Македонија.
Денеска министерот Муцунски го најави и името на новиот амбасадор на земјата во Бугарија Крум Ефремов.

